Испечати

Посна зеленчукова манџа

Посна зеленчукова манџа

Состојки

  • 2 главички кромид
  • 2 моркова
  • 2 зелени пиперки
  • 2 бамји
  • 1 кг компири
  • 100 гр ориз
  • 1-2 домати ( свежи или сушени)
  • 150 гр зрна грашок
  • 50 мл масло за јадење
  • 1-2 лажици црвен пипер
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица мешан зачин

Подготовка

1. Кромидот, пиперката, бамјите ситно се сецкаат, а морковот се ренда и се заедно се пропржува на врело масло
2. Се додаваат компирите претходно излупени и исечкани на кругови
3. Се додава оризот. грашокот, доматите и сите зачини
4. Се залева со вода и откако ќе зоврие на огинот, се става во рерна да се пече додека да изврие течноста, но да не е премногу суво.
Пријатен апетит !!