Испечати

Салата од тиквички

Салата од тиквички

Состојки

  • 4 кгр. тиквички
  • Саламура
  • 6-7 лажици едра сол
  • 1 чаша од 200 мл. зејтин
  • 250 мл. јаболков оцет
  • 200 гр. шеќер
  • на вкус магданос и лук

Подготовка

Еве сум пак со тиквички, но овој пат салата која ќе ја спакувате во теглите и нека чека зимото...
Постапка
- Миени тиквичките не ги лупите, сечете ги на кругови во дебелина од околу 1 см, потоа секој круг на четвртина. залијте ги со ладна вода и нека стојат околу 4 часа.
- Исецкајте го магданосот и измешајте во него исчистениот и насецкан лук.
- Одмерете ги состојките за саламурата и измешајте.
- Исцедети ги тиквичките од водата, ставете во друг са и залијте ги со саламурата, додадете го лукот и магданосот, нека отстои околу 20 мин.
- Полете теглите и пастеризирајте колку да се затворат капачките.

Совет
Ништо не менувајте, се си е таман, додека полните сигурна сум дека ќе изедете од оваа салата и ќе намалите да имате плус полна тегла... превкусна е.. крцкава, мераци...