Бомбици од урми и ореви
Состојки
- 200 гр урми
- 100 гр ореви
- 4 лажици шеќер во прав
- 1 лажица рум
- сок од половина лимон
Подготовка
Лесни, посни и едноставни за правење.
1. Урмите треба да ни бидат без семка.
2. Сите состојки ги ставаме во сечко и ги соединуваме со сечкање.
3. Формираме бомбици.