Посна боранија
Состојки
- 1кгр исчистена, исецкана и измиена боранија
- 1 главица сецкан кромид
- 1 сецкан морков
- 1 црвен лупен и сецкан домат
- вода, сол, бибер, зачин, магдонос, маслиново масло, павлака
Подготовка
Прво на загреано масло се ставаат кромидот и морковот да се запржат 2-3 минути.
Се додава исчистената боранија, доматот, зачините и се остава на тивко да крчка околу 30 минути, односно се додека не испари сопствената течност на боранијата.
Се става 1 лажица црвен пипер се налива оклу 500 мл вода и крчка уште 30 минути.
На крај се става сецканиот магдонос и се сервира со павлака или кисело млеко.
Ова е мое омилено летно, лесно, вкусно јадење