Ловечки шницли
Состојки
- 4 свински шницли
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 коцка за супа
- 1 супена лажица доматно пире
- 2 супени лажици брашно + за валкање на месото
- магдонос, сув зачин , сол
Подготовка
Коцката за супа се става во пола литар вода да зоврие и се трга на страна. Месото се чука убаво и се валка во брашно, потоа се става на малку масло да се зацрвени. Во истото масло каде што се пржеше месото се става сецканиот кромид да се запржи и тој, кога е запржен кромидот се додава доматното пире, сецкано лукче, водата со коцка супа, брашното и месото и се остава да се крчка 40 минути. Се сервира со пире од компир.
На здравје !!!