Испечати

Домашен комат со праз и суви пиперки

Домашен комат со праз и суви пиперки

Состојки

  • за тесто
  • 500 гр. брашно
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 лажици масло
  • прстофат свеж квасец
  • прстофат шеќер
  • за фил
  • 4 страка праз
  • 6 суви пиперки
  • 1 лажиче сол
  • 1 филџан масло

Подготовка

1. Се сечкаат празот и пиперките ситно и на оваа смеса додаваме сол и масло.
2. Во длабок сад се замесува тестото со сите состојки и се додава вода додека не се добие меко тесто (за сукање)
3. Тестото се дели на половина. Едната ја замесуваме со топче и оставаме на страна. Другата половина ја делиме на 5 дела и замесуваме топчиња.
4. Се меси првото топче и се сука. Убаво се премачкува со масло. Се сука второто и се става врз првото па се премачкува со масло. Така до петтото.
5. Се наросува брашно и се сука една голема кора.
6. Рерната се затоплува на 200 степени, а после 15 мин. (откако коматот е веќе на печење) се става на 150.
7. На премачкана тава се поставува кората и се става филот, рамномерно распореден.
8. Се сука поголемото топче и кората се става врз филот. Се превиткуваат краевите, убаво се премачкува со масло и коматот е спремен за печење.
9. Се пече додека не зарумени (отприлика 20-30 минути)

Совет
Кога ќе го извадите коматот од печење покријте со влажна крпа и поклопете со друга тава, 15 минути. Ова го омекнува коматот и му дава поубав вкус. Краевите се сепак крцкави.

Уживајте.