Модри патлиџани и пиперки со лук
Состојки
- 10 модри патлиџани
- 5 кг капија пиперки
- 600гр зејтин
- 1л вински оцет
- 200гр шеќер и сол по вкус (магданос и лук по желба)
Подготовка
Зејтинот, шеќерот, оцетот и солта се варат. Кога ке зовријат се става по пола од пиперките и модрите да повријат 2-3 минути и се вади. Истат постапка ја повторуваме со останатите модри патлиџани и пиперки. Се ставаат во посебен сад и им се додава ситно исецкан магданос и ситно исецкан лук. Размешуваме и ги собираме во тегли. Ако ви смета лукот и не мора да се става ама повкусно е со лукот.