Испечати

Каша со пилешки батаци

Каша со пилешки батаци

Состојки

  • 4 пилешки батаци
  • 100 гр брашно
  • 1 морков
  • 1 лажиче вагета
  • 1/2 лажиче сол
  • 100мл масло

Подготовка

Пилешките батаци заедно со морковот се варат во вода.Потоа водата во која се вареа се остава да се излади. Брашното се запржува со масло на оган. Се додава вагетата, солта и изладената вода во која се вареа батаците.На крајот се додаваат батаците и морковот и се остава на оган додека се добие каша.