Солени тостерки со семки од тиква
Состојки
- 300 гр брашно
- 100 гр бело брашно со 40% ржано брашно во него
- 200 мл масло
- 125 мл пиво
- 1/2 прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- 50 гр сусам
- 3 лажици мелени семки од тиква
- 50 гр сечкани семки од тиква
Подготовка
Од едоставни состојки излегоа одлични и здрави грицкалки.
Се соединуваат и мешаат сувите состојки, па се додаваат маслото и пивото. Се замесува тестото, се прават топчиња , кои ги печеме во загреан тостер, а може и во апарат за вафли.