Плескавици со мелено месо и црн патлиџан
Состојки
- 500 гр мелено месо
- 1 црн патлиџан
- 1 главица кромид
- 4-5 супени лажици брашно
- 1 јајце
- сув зачин
- масло за пржење
Подготовка
Црниот патлиџан се лупи и се ренда на ренде, се меша со меленото месо се додава брашното, сецканиот кромид, јајцето и се посолува по вкус. Се меси со рака. Од готовото тесто се прават плескавици и се пржат во врело масло. Доколку сакате брашното може да го замените со суви ронки од леб. Од оваа смеса излегуват околу 12 средни плескавици.
Пријатен апетит !!