Запечени макарони со димена кременадла
Состојки
- 400гр. макарони
- 200гр. пушена кременадла
- 3 јајца
- 300гр. сирење
- мешан зачин,оригано,бибер и малку сол
Подготовка
Макароните ги ставаме во поголемо количество зовриена вода со малку сол.Во тава за пржење кременадлата ситно исецкана ја пржиме.
Откако макароните ќе се сварат ги процедуваме и ги ставаме во мала ростер тава.
Кременадлта,јајцата и сирењето ги мешаме заедно со макароните со малку зејтин.
Печеме на 200степени петнаесетина минути.Декорираме со кисели краставички.
Добар апетит!!!