Испечати

Пинџур со печурки

Пинџур со печурки

Состојки

  • 1 голем домат
  • 1 пиперка
  • 3-4 маслинки
  • малку печурки
  • малку магдонос

Подготовка

1. Изрендајте го доматот.
2. Изрендајте ја пиперката (може и ситно да ја исечкате) и додадете
ја во доматот.
3. Исечкајте ги маслинките и додадете ги во доматот со пиперката.
4. Додадете ги и печурките и магдоносот.
5. Во загреана тава на оган ставете го пинџурот со печурките да се запржи.
6. Сервирајте со сирење.

На здравје!