Испечати

Омлет со пиперки, маслинки и сирење

Омлет со пиперки, маслинки и сирење

Состојки

  • 1 јајце
  • 1 пиперка
  • 2-3 маслинки
  • малку сирење
  • малку магдонос

Подготовка

1. Јајцето се мати.
2. Пиперката се сече на ситни коцкички (или се ренда) и се додава во јајцето.
3. Се сечкаат маслинките, магдоносот, сирењето се дроби.
4. На загреана тава на оган со малку масло се става омлетот и се пржи.
5. Се служи со домат.

Лесен, брз и вкусен појадок!