Овошна торта со праски
Состојки
- за пандишпан
- 4 јајца
- 6 лажици шеќер
- 1 прашак за пециво
- 1 филџан (150 гр) брашно
- 300 мл млеко
- за прелив
- 100 мл вода
- 12 лажици шеќер
- 1 кг праски
- 2 пудинзи од ванила
- за премачкување
- 1 кесичка шлаг
- 120 мл млеко
Подготовка
Лесна овошна торта која може да ја направите и со било кое друго овошје, а во зависност од овошјето може да го промените и вкусот на пудингот.
1. Јајцата се матат со шеќерот, па се додава брашното и пецивото. Се истура во намрснета и набрашнета округла тава бр 26. Се пече во загреана рерна околу 20 минути. Откако ќе биде печен пандишпанот (уште додека е топол) се потура со 300 мл ладно млеко.
2. Во меѓувреме, додека се пече пандишпанот, го припремаме преливот. Шеќерот и водата се загреваат на оган, додека шеќерот не се растопи. па се додаваат праските, излупени и сецкани на прарчиња. Се варат на тивок оган додека не омекнат. па потоа го додаваме пудингот, растворен во малку вода.
3. Преливот се става топол врз пандишпанот, и се остава да се стегне.
4. Откако ќе се излади, тортата се премачкува со шлаг.