Видео рецепт: Koлачи со глазирани лешници
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 1 јајце
- 160-180 гр. брашно
- 1/2 лажиче пециво
- 100 гр. шеќер
- 1 ванила
- 50 гр. маргарин
- За ПРЕМАЧКУВАЊЕ ќе ви треба:
- 3 големи лажици мармалад од кајсии
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 100 гр. маргарин
- 100 гр. шеќер
- 2 лажици млеко
- 100 гр. ситно мелени лешници
- 100 гр. покрупно мелени лешници
- За ГЛАЗУРА ќе ви треба:
- 80 гр. црно чоколадо
- малку масло
Денес ќе готвиме заедно со Катерина, готвач член на нашата веб-страница. Катерина ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Koлачи со глазирани лешници.
Бисквит колачи со мармалад од кајсии и фил од глазирани лешници. Комбинација која ветува прекрасен вкус и мирис .
Подготовка
Чекор 1: Од состојките за тесто замесете еднолична смеса. Расукајте го лесно и распоредете го во подмачкана тава. Тенко премачкајте го со мармалад од кајсии, или друг мармалад, по желба.
Чекор 2: Половина од лешниците сомелете ги, а другата половина искршете ги преку крпа. Ставете го шеќерот со млекото на оган додека не се стопи и зарумени. Потоа додадете го маргаринот и мешајте да се соединат. На крај додадете ги лешниците, измешајте, па распоредете го филот врз колачот.
Чекор 3: Печете на 170 степени, 20 минути, или додека да зарумени. Оставете да се излади за да може да исечете правилни парчиња, триаголници.
Чекор 4: Растопете го црното чоколадо со малку масло и глазирајте ги острите краеви на триаголниците. Оставете да се стврдне чоколадото, па сервирајте.
СОВЕТ: Доколку немате чоколадо, не мора да правите глазура, колачите се доволно вкусни и без него.