Печен Пинџур
Состојки
- 1кг зелени пиперки
- 1кг розови домати
- 1 поголем црн патлиџан
- 100 мл масло
- 1 супена лажица сол
- 1/2 кафено лажиче лук во прав
Подготовка
Пиперките, доматите и црниот патлиџан се мијат убаво и се редат во тавче , се ставаат во загреана релна и се печат 20 минути . Потоа се лупат пиперките и црниот патлиџан , а црвените домати се лупат и се цедат од водата и потоа се додаваат кај пиперките и црниот патлиџан, се става во блендер и се блендира. Кога е готово се истура во длабока чинија ( каленица ).Маслото се загрева и се истура врз пинџурот , се посолува , додава лук во прав и се промешува убаво. Се сервира со сирење.