Багелс пециво со путер и мед
Состојки
- 500гр. брашно
- 1/2 коцка свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажица мед
- 1 лажичка сол
- 50гр. путер
- 300мл вода
- за варење
- 1500мл. вода
- 3 кесички сода бикарбона
- 5 лажички сол
- за посипуваше сусам,лен и ким
Подготовка
Инспирирана од преубавиот рецепт на нашата драга членка Павлоска со мала измена ги подготвив багелс пецивата.
Подготовка.
1.Во стаклен сад квасецот го подмесуваме со шеќер и малку брашно оставаме да стаса. Во поголем сад за месење го сееме брашното. Медот, путерот, солта и подмесениот квасец ги додаваме во брашното и замесуваме со млака вода средно меко тесто.
2. Тестото откако ќе го дуплира својот волумен или ќе стаса формираме 14 топчиња.
3. На шпорет водата заедно со солта и содата ја зовираме.Секое топче го пуштаме да поврие триесетина секунди.
4. Топчињата ги редиме во тава со хартија предходно подмачкана со зејтин.
5. Секое топче го посолуваме со мешан сусам,лен и ким.
Печеме дваесет минути на 200 степени или додека не добијат убава златна боја.
Забелешка
Не ги покривајте за да бидат по крцкави.
Добар апетит!!!