Испечати

Розен торта со двобоен фил

Розен торта со двобоен фил

Состојки

  • 1 паковање розен кори
  • 1 литар млеко
  • 320 гр шеќер
  • 1 лажиче ванила арома
  • 40 гр прашок за пудинг од ванила
  • 250 гр путер
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 гр црно чоколадо
  • 300 гр мелени кекси
  • 300 гр мелени предходно потпечени лешници
  • Глазура
  • 150 гр чоколадо
  • 60 гр маргарин или путер
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица какао
  • 3-4 лажици млеко

Подготовка

За разлика од стандардната розен, во оваа преовладува вкусот на лешникот. Малку е поводест филот, па ја има и таа разлика што ги омекнува корите. Треба големо трпение убаво да се здрви за да има добар пресек, но и да избрзате вкусот е во секој случај неодолив.

Од млекото, прашокот за пудинг, шеќерот и на крај аромата ванила сварете пудинг. Тргнете го од рингла и вмешајте го путерот, па потоа смесата поделете ја на 2 дела.

Во едниот додадете го белото, а во другиот црното чоколадо. Потоа, во белиот дел додадете ги мелените лешници, а во црниот кексот.

Веднаш филовајте ги корите наизменично со белиот и црниот фил. Филованите кори прво нежно со рака убаво потиснете ги. Оставете неколку часа во ладна просторија да се стегнат. Потоа ставете некој лесен предмет врз нив (на пример даска), но внимавајте на тежината да не го избие филот од страните.

Кога добро ќе се стегни, измешајте ги сите состојки за глазура во огноотпорен сад на оган и со глазурата прелијте одозгора.