Бели бомбици со брусница
Состојки
- 125 гр шеќер во прав
- 125 гр путер
- 150 гр бисквити
- 1 лажица рум
- 75 гр брусница
- 50 гр лешници
- 50 гр бела чоколада
- 30 гр бела чоколада за украсување
Подготовка
Путерот и шеќерот во прав ги матиме пенасто. Бисквитите и лешниците ги мелеме, а брусницата ја сечкаме. Чоколадата ја топиме на тивко или на пареа и ја додаваме во сите состојки. На крајот го додаваме и румот. Формираме бомбици и ги оставаме во фрижидер да се стегнат. Белата чоколада ја топиме и ја ставаме во кесичка, на која сме направиле мал отвор. Ги украсуваме бомбиците и ставаме по парче брусница.
Доколку се случи да ви е смесата сува (а тоа зависи од бисквитите) може да додадете некоја лажица млеко во составот.