Испечати

Поховани пиперки полнети со виршли

Поховани пиперки полнети со виршли

Состојки

  • 8 печени и лупени пиперки
  • 8 виршли
  • 8 парчиња кашкавал
  • за поховање
  • 2 јајца
  • 100 гр брашно
  • 100 гр презла
  • масло за пржење, сол по потреба

Подготовка

Еве еден предлог за користење на печени пиперки.

Прво пиперките се печат, се лупат, се одстрануваат семките и дршките.
Секоја виршла се замотува со парче кашкавал.
Се отвораат пиперките се става виршлата и се витка како ролатче.
Се поховаат во брашно, јајце, презла и се пржат на загреано масло.
Се редат на хартија да се впие маснотијата.
Се сервираат по желба.