Брзи Наполитанка бомбици
Состојки
- 150 гр наполитанки
- 100 гр мелени бисквити
- 100 гр ореви
- 3 супени лажици еурокрем
- сок од портокал (по потреба )
Подготовка
Брзи бомбици, лапни голтни...
Наполитанките, мелените бисквити, оревите и еурокремот ги ставаме во блендер и убаво ги блендираме, додаваме сок од портокал колку да се добие смеса погодна за обликување бомбици. Со влажна рака обликуваме бомбици и ги валкаме во мелени бисквити или мелени ореви тоа е по желба.
На Здравје !!!