Испечати

Кокос плочки

Кокос плочки

Состојки

  • 400 гр. неутрална павлака
  • 2 кесички желатин
  • 100 гр. маргарин
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 200 гр. кокос
  • за глазура
  • 200 гр. чоколадо за готвење
  • 2 лажички масло

Подготовка

Во сад на тивок оган загрејте ја павлаката и маргаринот па додајте го шеќерот во прав. Кога ќе почне да врие тргнете го на страна и додајте го предходно накиснатиот желатин, неколку капки од ексрактот и кокосот па убаво измешајте.
Вака добиената и сеуште топла смеса истурете ја во четвртаста тепсија која предходно сте ја обложиле со стреч фолија или најлон кеса.Оставете добро да се излади(најдобро е да преноќи во фрижидер).Смесата ќе биде стегната но сеуште по малку мека на допир.Превртете ја на даска и сечете по желба.Доколку се со помала големина,наденете ги на чечкалица и брцкајте во глазурата.Во спротивно прелијте ги.