Испечати

Пилешка салата со сусам

Пилешка салата со сусам

Состојки

  • 400 гр пилешки гради
  • 200 гр конзервирана пченка
  • 100 мл мајонез
  • 300 мл павлака
  • 100 гр сусам
  • 1 лажица сенф

Подготовка

1. Пилешкото месо се вари, па се сецка на ситни парчиња.
2. Сусамот се потпекува, па во голем сад се мешаат сите состојки, се става сол по желба и црн бибер.

Одлична е за со пиво!

Забелешка - ја имам правено и само со мајонез (бидејќи дома сите не ми јадат павлака) - убава е и така, но доколку сакате да биде посвежа, направете ја варијантата со павлака.