Брзи полнети тиквички во рерна

Состојки
- 1 тиквичка
 - 1 јајце
 - 1 морков
 - парче сирење
 - лажичка сенф
 
Подготовка
1. Тиквичката се лупи, се сечи на половина по должина и се длаби средниот дел.
 2. Се мати јајцето, се додава сирење по желба, коцки морков и една лажичка сенф.
 3. Тиквичките се ставаат во тава, па се полнат со смесата. Се наросуваат зачини по желба. Се налева малку вода во тавата и се става зејтин.
 4. Се пече во загреана рерна околу 30 минути.
По желба може тиквичките да го обарите претходно и издлабениот дел да го испасирате и да го употребите во смесата со која ќе ги полните тиквичките.