Испечати

Чоколадни мафини со бадеми

Чоколадни мафини со бадеми

Состојки

  • 4 јајца
  • 250 гр црно чоколадо
  • 200 гр путер
  • 1 лажиче цимет
  • 3 лажици брашно
  • 1/4лажиче пециво
  • 50 гр бланширан бадем
  • 80 гр шеќер

Подготовка

Поедноставно здравје, а вкусно милина....
Во касерола на оган се ставаат путерот, чоколадото и шеќерот да се соединат, 2-3 минути.
Се трга од оган се додаваат циметот и бадемот и постепено 1 по 1 јајце.
Се додава брашното.
Сето се соединува со миксер.
Се истура смесата во хартиени корпи, се украсуваат со листови бланширан бадем и се печат 8-10 минути.