Испечати

Посен колач со урми и праски

Посен колач со урми и праски

Состојки

  • 500 гр шеќер
  • 400 мл кисела вода
  • 200 мл компот или сок од праски
  • 600 гр брашно
  • 250 мл зејтин
  • 1 кесичка пециво
  • 1 кесичка ванила
  • 1 лажица какао
  • 150 гр урми
  • 200 гр праски
  • 50гр чоколада

Подготовка

Во подлабок сад се меша брашното со пецивото, ванилата и шеќерот. Се додава водата, сокот и зејтинот и со рачен миксер убаво се соединуваат сите состојки. Смесата се дели на два дела и во едниот дел се ставаат праските, а во другиот сецканите урми. Смесата со урми се истура во подмачкан плех, се посипува со какао и се става 8-10 минути да се подпече. Плехот се ваѓа од рерна се налева со втората смеса и се враќа уште 20-25 минути да се допече. Уште додека е топол колачот се ренда чоколада одозгора.