Испечати

Грчка салата со тостирано сирење

Грчка салата со тостирано сирење

Состојки

  • 1 краставица
  • 3 домати
  • 2 шери домата
  • 1 црвен кромид
  • 7-8 црни маслинки
  • неколку гранчиња магдонос
  • маслиново масло и сол по потреба
  • 150 гр сирење

Подготовка

Ова е моја верзија на грчка салата односно грчка салата на македонски начин.

Зеленчукот го сечкаме на крупни парчиња, кромидот на тенки кругови, а магдоносот го оставаме во лист. Сирењето го сечеме на подебели парчиња и го ставаме на загреан тостер или грил тава, за да се потпече. Го сечкаме на помали парчиња, ама може да остане и на поголеми. Сите состојки ги ставаме во чинија ама не ги мешаме. Ставаме врз нив сол и маслиново масло.

Можете да користите било какво сирење. Јас претпочитам фета, ама оваа салата е правена со козјо сирење.