Испечати

Пилешки крилца маринирани со мајонез

Пилешки крилца маринирани со мајонез

Состојки

  • 1 кг пилешки крилца
  • 1 лажица сув зеленчук
  • 150 гр. мајонез
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук

Подготовка

Пилешките крилца посолете ги, ставете сув зеленчук, бибер, мајонез.
Кромидот, лукот и магдоносот ситно исечкајте ги и ставете ги во крилцата,се убаво промешајте.
Крилца оставете ги да постојат малку околу 3 саати, уште поубаво да се направат од вечер.
Печете ги крилцата на скара или на тостер. Јас ги правев на тостер многу убаво испаднаа.
Добар апетит!!!!!!!!!