Испечати

Домашно маскарпоне сирење

Домашно маскарпоне сирење

Состојки

  • 700 гр кисела павлака 20 %
  • 1 газа

Подготовка

Многу сакам кремасти колачи во кои има маскарпоне, ама некако многу ми е скапо да го купувам редовно, а и го нема сегде. Па во потрага по рецепт за домашно да си го направам, го пронајдов овој наједноставен, а кој многу наликува на оригиналниот.

Ви треба кисела павлака, со висок процент на масленост и една газа или некоја друга крпа. Потребно е да ја оставите павлаката во газа, добро стисната и по можност да биде закачена на нешто, за да може вишокот на течност да излезе од неа. Најдобро е да стои така најмалку 10 часа. Маскарпонето ви е готово и можете да си го подготвите омилениот колач со него.

Толку. Просто и едноставно!

Забелешка
Од 700 гр кисела павлака, обично ми излегува од 400-420 гр сирење.

п.с. Кога го открив скокав од радост, а кога го пробав во колач, е тогаш паднав во занес од вкусотија =)