Испечати

Потпечени палачинки со фил

Потпечени палачинки со фил

Состојки

  • за палачинките
  • 1 јајце
  • 350гр. брашно
  • 3 лажици масло
  • кисела вода по потреба колку што прима смесата
  • за фил
  • 200гр. рендано сирење
  • 200гр. сецкана салама
  • кечап и оригано по вкус
  • за натурање на палачинките
  • 3 јајца
  • 200гр. рендан кашкавал

Подготовка

Најпрво направете ги палачинките. Од сите состојки направете смеса и оставете ја 15 минути да се одмори и потоа испржете ги палачинките.
Кога ќе ги направите сите палачинки филовајте ги со сирењето и саламата. Секоја палачинка свиткајте ја во ролат и наредете ги во намрсено тавче. Озгора натурете ги со матените јајца измешани со ренданиот кашкавал и печете ги на 190 степени околу 15 минути.