Коктел Кокосово млеко
Состојки
- 100 мл млеко
- 60 гр шеќер
- 20 гр кокос
- 1/2 пакетче ванилин шеќер
- 20 -30 мл водка или мастика
Подготовка
1. Млекото и шеќерот се ставаат на огин да се стопи шеќерот
2. Веднаш се додава и кокосот и се остава уште некоја минутка на огин млекото заедно со кокосот да зовријат
3. Се трга од огин и се додава ванилата и мастиката
4. Се остава да се излади смесата и потоа се цеди, односно се отстранува кокосот
5. Се става во фрижидер добро да се излади и потоа се служи
Количината на алхохолот зависи од тоа колку алхохолен се сака да биде коктелот, а има коктелот и своја густина од вареното млеко со кокосот.
Ова е мојот најубав коктел и мирис и вкус и се !!! А и брза подготовка !!!
НА ЗДРАВЈЕ !!!