Трослоен сладолед
Состојки
- 6 кесечки шлаг крем
- 4 јајца
- 600мл. ладно млеко
- 6 кесечки шлаг крем
- 2 кесички чоко флипс
- 2 мали чоколадца со вкус на кокос
- 50гр. топено црно чоколадо
- 50гр. сецкано млечно чоколадо
- 1 лажица инстант кафе (растворено)
- крем по вкус
Подготовка
Летно освежување добредојдено во овие овие горештини.
Најпрво избијте ги јајцата заедно со шеќерот. Настрана избијте ги кесичките шлаг со млекото и потоа смесата избијте ја заедно со јајцата и поделете ја на три дела.
Во едниот ставете го чоколадото со вкус на кокос, во другиот дел ставете ги чоколадните топчиња и 50гр. сецканото чоколадо по вкус(јас ставив млечно), а во третиот дел ставете го раствореното инстант кафе. Најдолу ставете го делот со чоколадото и ставете го во фрижидер 15 мин.малку да се стегни и потоа ставете го растопеното црно чоколадо. Над него ставете го делот со чоколадираните топчиња и пак вратете го фо фрижидер 15 мин. Најгоре ставете го делот со инстатн кафе и украсете со црн крем. Оставете убаво да се здрви и уживајте !!!