Коктел од лубеница и краставици
Состојки
- 750гр лубеница исечкана на коцки и исчистена од семки
- 1 краставица исечкана на коцки
- 1/4 чаша сок од зелен лимон
- 2 лажици мед
- 2/3 од чашата водка и мраз
Подготовка
Лубеницата, краставицата, сокот од лимон и медот ги ставаме во блендер. Во чаша ставаме 2/3 водка и додаваме од коктелот. Ставаме мраз по желба и украсуваме со парче краставица.Ова е вистински освежувачки коктел.