Испечати

Чоколаден крем сладолед

Чоколаден крем сладолед

Состојки

  • 300 мл млеко
  • 90 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо (70% какао)
  • 3 жолчки
  • 300 мл слатка павлака
  • 50 гр чоколадо рендано (за во сладоледот)

Подготовка

1, Млекото и коцките чоколадо се ставаат на огин да се растопи. Се меша се додека не се изедначи смесата
2, Жолчките се матат со шеќерот и потоа се истураат во врелото млеко и се вари густ крем
3. Се остава филот да се излади, повремено мешајќи го за да не фати коричка одозгора
4, Настрана се мати слатката павлака и потоа се меша со изладениот фил да се соединат
5, Ренданото чоколадо (или сечкано на појадро) се меша со сладоледот
6, Се става во ладилникот да замрзне сладоледот
7, Декорирав со течно чоколадо, а може и со сечкани ореви
.................Пријатен разладувачки апетит !