Коктел Праска
Состојки
- 5 зрели праски (околу 400 гр)
- 50 мл сок од јагода
- 1/2 портокал
- 1/2 цитрон
- 2 супени лажици шекер во прав
- 6-7 коцки лед
Подготовка
Идеален за да се освежите прекрасен вкус, а мирисот на праска може да го замислите...
Праските се лупат, се цеди сок од портокалот и цитронот се става во блендер се додаваат коцките лед, сокот од јагода и шеќерот во прав. Кој сака алкохол слободно може да си додаде и водка. Се декорира со парче цитрон и гранче нане, но бидејки јас немав нане декорирав само со цитрон и праска.
На здравје !!!