Интегрална пјадина со праз и суви пиперки (посно)
Состојки
- 100гр. пченично брашно
- 100гр. интегрално брашно
- 1/2 лажичка пециво
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица ленено семе
- 1/2 лажичка сол
- по потреба млака вода
- За полнење
- 1 страк праз
- 1 сува пиперка
- 1/2 лажиче лут буковец
- 1/2 лажичка куркума
- по потреба сол, маслиново масло
Подготовка
Најпрвин подгответе го тестото за пјадините.
Во подлабок сад ставете ги интегралното и пченичното брашно и измешајте го со пецивото, солта и лененото семе.
Додајте го маслото и со млака вода замесете средно меко нелепливо тесто.
Поделете го тестото на 4 топчиња.
Покријте ги и оставете ги да отстојат 20-30 минути.
Во меѓувреме во тава на оган ставете маслиново масло и додајте го сецканиот праз и сувата пиперка.
Посолете и откако ќе омекнат додајте ја куркумата и буковецот.
На намрсната работна површина од секое топче тесто расукајте што потенки кори.
На една кора ставете од филот и покријте со друга кора.
Краевите подвиткајте ги и формирајте мали витки.
Повторете ја постапката и со другите кори.
Во нелеплива тава ставте малку масло и ставете ги пјадините да се пржат, по неколку минути од двете страни.
На здравје!