Видео рецепт: Топчиња од туна и корнфлекс
Состојки
- За ТОПЧИЊАТА ќе ви треба:
- 2 варени компири
- 1 конзерва туна
- 1 лажичка сенф
- 2 чадени риби (харинга или инчуни)
- 40 гр. путер
- 3 лажички сусам
- 8 лажички корнфлекс
- 1 лажица кечап
- малку оригано
- малку ким
- малку сол
- брашно за валкање
- За СОСОТ ќе ви треба:
- малку кечап
- 70-80 гр. мајонез
- малку сол
- малку оригано
- ворчестер сос
Фичо вели дека добро мезе е најважниот дел од секоe дружење, особено кога се гледа фудбал. Овој пат ќе подготви топчиња од туна и корнфлекс.
Подготовка
Чекор 1: Сите состојки ставете ги во сад и со рачен блендер испасирајте ги додека смесата не стане еднолична. Со рака формирајте топчиња и валкајте ги во брашно.
Чекор 2: Во Вок тавата ставете поголема количина на масло и кога ќе биде загреано пропржете ги топчињата многу кратко од сите страни, колку да фатат коричка.
Чекор 3: Додека топчињата се ладат, пригответе го сосот. Кечапот, мајонезот измешајте ги со малку оригано, сол и Ворчестер сос по желба - и сосот е готов.
СОВЕТ: Смесата за топчињата може да ја користите и како паштета, намачкана на леб. Ако постите, путерот заменете го со маргарин.