Испечати

Торта со мешан компот

Торта со мешан компот

Состојки

  • тесто(потребни се две)
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 3 лажици какао
  • 100мл млеко
  • 100мл зејтин
  • 1/2 прашок за пециво
  • прелив за тесто
  • 100мл млеко
  • 3 лажици рум
  • 4 лажици шеќер
  • фил
  • 1л млеко
  • 300гр шеќер
  • 4 пудинга од ванила
  • 250гр путер
  • 200гр компот од цреши
  • 200гр компот од мешано овошје(гројзе,праска,круша и др)
  • декорација
  • 100гр чоколада за готвење
  • 50гр шарени трошки

Подготовка

Подготовка
1. Почнуваме со матење на јајцата заедно со шеќерот додека не добиеме густа пена. Во смесата го сипуваме млекото, зејтинот, брашното, какаото и прашокот за пециво и целата смеса мешајки со шпатула ја соединуваме. Смесата за тесто ја ставаме во мала ростер тава печеме на 180степани дваесетина минути. Подготвуваме уште едно вакво тесто.

2. Филот може да го подготвите и пред да почнете со подготовка на тестото. Од млекото оделуваме мала количина колку да се размати пудингот. Останатото млеко заедно со шеќерот ги загреваме. Во загреаното млеко го сипуваме пудингот и мешаме додека не добиеме густ крем. Кремот добро треба да се излади и тогаш го соединуваме со путерот. Филот го делиме на два дела во едниот го ставаме компотот од цреши во вториот мешаниот компот.

3. Пред да почнеме со филување тестата ги сечеме и добиваме четири теста кои ги преливаме со млекото, шеќерот и румот. Почнуваме со филување кора-фил од цреши,кора-фил од мешан компот.

4. Чоколадото го топам во кесичка за замрзнувач во врела вода. Крајот на кесата ја сечам и полека формирам фигури или ја украсувам тортата. Пеперутката ја подготвив на хартија за печење свиткана на пола се формира едното крило потоа второто и на средина телото. Го ставам во замрзнувач и украсувам со шарени украсни трошки.
Тортата оставетеја неколку часа во фрижидер да се излади.
Добар апетит!!!