Испечати

Салата со потпечен сусам и ореви

Салата со потпечен сусам и ореви

Состојки

  • 100гр. потпечен сусам
  • 2 свежи краставици
  • 500гр. урда
  • 50гр. павлака со поголема масленост
  • 2 лажици мајонез
  • сосема малку лук
  • 50гр. мелени ореви

Подготовка

Најпрво сусамот потпечете го. Кога ќе се излади додадете ја урдата, сецканиот лук и ситно сецканите краставици. Мајонезот измешајте го со павлаката и додадете ги во сусамот. Оставете ја салатата околу 1 час во фрижидер и пред да ја послужите наросете одозгора мелени ореви.