Брз десерт
Состојки
- 1 шлаг крем од јагода
- 1 шлаг крем од ванила
- 200+200 мл млеко ( за матење на шлаг кремовите)
- 100 гр сецкани лешници (на половинки)
- неколку чоколадни перничиња (пченкарни) за декорација
Подготовка
1. Се матат одделно двата шлаг кремови со по 200 мл млеко ладно
2. Лешниците се сецкаат на половинки
3. Неколку од чоколадните перничиња ситно издробете ги или измелете ги
4. Во чаши за сладолед редев малку од шлагот со ванила, па врз него ставив мелени пченкарни перничиња, шлаг од јагода и врз нив неколку цели чоколадни перничиња, пак шлаг од ванила, сецкани лешници, пак шлаг од јагода и на крај декорирав со лешници и цели чоколадни перничиња.
5. Ги ставив чашите во ладилникот и потоа служев изладен десерт.