Видео рецепт: Налутени крилца со компири
Состојки
- 1 кг. пилешки крилца
- 500 гр. млади компири
- За МЕШАН ЗАЧИН ќе ви треба:
- 1 голема лажица кафеав шеќер
- малку сол
- лут буковец
- малку чили
- малку кари
- малку оригано
- мелен ким
- За КОМПИРИТЕ ќе ви треба:
- маслиново масло
- оцет балсамико
- малку сол
- За СОСОТ ќе ви треба:
- 200 гр. кечап
- 6 лажици Ворчестер сос
- 1 лажиче сенф
- малку сол и бибер
Фичо ќе подготви уште едно вкусно мезе кое одлично оди со фудбал и пиво – пикантни печени пилешки крилца со компири.
Подготовка
Чекор 1: Пилешките крилца посолете ги и оставете ги на страна да впијат од солта.
Компирите исечкајте ги и зачинете ги со сол, маслиново масло и балсамико оцет.
Чекор 2: На страна измешајте малку лут буковец, чили, кари, оригано, малку мелен ким и една голема лажица кафеав шеќер.
Крилцата залијте ги со маслиново масло и додадете ја мешавината од зачини. Убаво промешајте со рака.
Чекор 3: Крилцата и компирите ставете ги во тавата за печење и печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Чекор 4: Додека се печат компирите и месото, подгответе го сосот. Сите состојки убаво измешајте ги и сосот е готов.
Сервирајте ги во една голема чинија како мезе.
СОВЕТ: Кога подготвувате крилца, не ја вадете кожата за да не се исуши месото.