Испечати

Шарена обланда

Шарена обланда

Состојки

  • 500 мл вода
  • 400 гр шеќер
  • 1 маргарин
  • 500 гр мелени бисквити
  • 100 гр чоколадо
  • 100 гр кокос
  • 4 листа обланда

Подготовка

Водата се зоврива со шеќерот и маргаринот и се остава да вари 10 минути. Потоа се остава малку да се излади и се додава врз мелените бисквити. Смесата се дели на 2 дела. Во едниот дел се додава растопеното чоколадо, а во другиот кокосот.
Обландите се ставаат помеѓу влажни крпи да омекнат 10 минути, а потоа се редат обланда - бел фил- обланда - црн фил и внимателно се мота во ролат. Од оваа смеса излегуваат два ролата.