Млади компири и тиквички во Делимано Гурмет 8 во 1
Состојки
- 1 кг млади ситни компири
- 2 средни тиквички
- 2 големи моркови
- 3-4 чешниња лук
- 1 кромид
- 5-6 гранчиња магдонос
- 1/2 лажичка мелен бибер
- 2 лажици мешан сув зачин
- 50-60 мл масло
Подготовка
Морав да ви направам ручек во мојот нов апарат за готвење. По веќе неколку направени ручеци, решив да ви презентирам едноставен, ама вкусен ручек во мојот Гурмет.
Компирите ги миеме, по потреба и желба ги лупиме и ги редиме во гурметот. Ги залеваме со масло (околу 50 мл) и со вода 150 мл, ги посолуваме со 1 лажица мешан сушен зачин, исто како кога ги печете во рерна. Го ставаме тајмерот на 20 минути и го уклучуваме гурметот на Бавно готвење. Доколку сакате да ви бидат малку покрцкави не ставајте толку вода и зголемете на следното ниво на температура. Откако ќе се испечат, ги вадиме компирите и продолжуваме со остатокот од подготовката на ручекот.
Кромидот и морковите ги сечкаме на кругови и ги ставаме во гурметот на маслото кое ни останало од подготовката на компирите. Упржуваме на Бавно готвење повторно да омекнат, па ги додаваме тиквичките кои сме ги излупиле и исекле на коцки. Упржуваме едно 10-12 минути , залеваме со 200 мл вода, го уклучуваме тајмерот на 30 минути, поклопуваме со капак и оставаме ручекот да се довари. Можете ама и не морате да промешувате, бидејќи од самата пареа, а и затоа што се прави на тивко, ручекот беспрекорно се подготвува.
При крајот додадете го исечканиот магдонос,сечканото лукче и зачините, па промешајте.
Забелешка
Се разбира дека ручеков можете да си го подготвите на ваш начин и со ваши тави, ама навистина ми беше мерак да ви прикажам како се спрема во ваков апарат, едноставно, економично и брзо. Јас сум презадоволна.