Видео рецепт: Телешко на либански начин
Состојки
- 500 гр. телешко месо од врат или плешка
- За МАРИНАДА ќе ви треба:
- малку маслиново масло
- малку сончогледово масло
- ворчестер сос
- сок од еден лимон
- сол и бибер
- малку чили
- малку ким
- свежо нане
- За САЛАТА ќе ви треба:
- китка магдонос
- малку кромид
Фичо ќе ни подготви еден интересен специјалитет кој потекнува од Либан.
Подготовка
Чекор 1: Телешкото месо исечете го на тенки парчиња. Парчињата мора да бидат тенки бидејки доколку се дебели, ќе станат тегави и тешки за соџвакување.
Чекор 2: Сецканото месо ставете го во длабок сад, додадете малку маслиново и малку сончогледово масло и еден цеден лимон. Додадете сол, бибер, малку чили, мелен ким и доколку најдете свежо нане.
Тајната состојка е Нането, на ова јадење му дава свежа нота.
Откако ќе завршите со маринадата, оставете го месото на страна да ги впие сите вкусови од зачините.
Чекор 3: Додека месото одмара на страна, пригответе ја салатата. Ситно исецкајте една китка магдонос и еден кромид.
Магдоносот е природен диуретик и е одличен за оние што имаат проблем со висок притисок.
Двата дела на салатата промешајте ги заедно и оставете ги на страна.
Чекор 4: За тоа време, загрејте тавата за пржење, додадете го зачинетото месо и пржете го убаво, да не биде крваво. Додека месото се пржи, зачинете ја салатата сол, маслиново масло и сок од еден лимон.
Месото послужете го како што го направи тоа Фичо, така е најдобро и традиционално.
Добар апетит.
СОВЕТ: Мешајте со раце, така е традиционално.