Домашна пица без квасец
Состојки
- 1 шоља кисело млеко
- 2 шољи брашно
- 1/2 шоља зејтин
- 1 пециво
- 1 лажиче сол
- 4 јајца
- 100гр. салама
- 100гр. кашкавал
- 50гр сирење
- 2-3 кисели краставички
Подготовка
Рецептот го меркав 2-3 дена на интернет, ми дојде некако брз и лесен, па засукав ракави.
Брашното, киселото млеко, зејтинот, пецивото и солта се мешаат со лажица додека не се направи смесата како тесто.
Саламата, кашкавалот и краставичките ги сецкаме,а сирењето го дробиме со лажица. Сето тоа го мешаме заедно со јајцата.
Тестото го растегаме на намрсена тава и врз него ја истураме смесата со јајца. Јас си ставив и оригано и сусам.