Тиквичка со прелив од јаболков оцет и лук
Состојки
- 1 тиквичка
- 4 чешниња лук
- 1 лажица домашен јаболков оцет
- 1 лажичка вода
- неколку гранчиња магдонос
- по потреба брашно, сол, масло
Подготовка
Едноставно, брзо и добредојдено за постиве.
Тиквичката исечете ја на тенки кругови.
Секој круг свалкајте го во брашно и пржете ги на загреано масло.
Испржените тиквички извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија, и додека се топли посолете ги.
Во сад ставете го исецканиот лук, сецканиот магдонос, јаболковата киселина и водата.
Јас ги наведов овие дози за јаболкова киселина и вода, но вие зависно од вкусот дотерајте си ја дозата( Некои сакаат покисело, некои не).
Со преливот посипете ги тиквичките и послужете.