Роловани црни патлиџани
Состојки
- 4 големи патлиџани
- 350 гр тврдо козјо сирење
Подготовка
Модрите патлиџаните се лупат, се сечат на тенки кришки по должина, и се ставаат во солена вода околу 10 минути. Се цедат убаво и се пржат на загреано масло. па се оставаат на салфета да им се впие зејтинот. Сирењето се сече на средно дебели правоаголници, и по едно правоаголниче се става на крајот од секој црн патлиџан и се мота. Така подготвени ролованите модри патлиџани повторно се ставаат на салфета 10 минути и се сервираат.
Овие роловани модри патлиџани се погодни за мезе и разни декорации.