Испечати

Ослич со прелив од сенф и магдонос

Ослич со прелив од сенф и магдонос

Состојки

  • 5 парчиња риба ослич
  • 25 гр. сенф
  • 1 чашка (за ракија) јаболков оцет
  • 1 чашка ( за ракија) маслиново масло
  • Сол и бибер по вкус
  • Прелив
  • половина китка магдонос
  • 25 гр. сенф
  • 2-3 лаж. маслиново масло
  • 1 главица лук

Подготовка

Рибите се чистат, се посолуваат со сол и црн бибер.
Во тавчето за печење се ставаат оцетот и маслото и потоа се редат рибите.
Тие се премачкуваат со сенф.
Тавчето се покрива со фолија и се ставаат во рерна да се испечат, на 200 степени се додека не бидат добро испечени.
За преливот
Се сецка магдоносот и во него се додава маслото, исецканиот лук и сенфот.
Одкако ќе бидат готови рибите врз нив се премачкува од преливот. Се ставаат повторно во рерна но овојпат непокриени и се оставаат додека да се подиспечат, додека преливот да добие темно златна боја.