Макарони во сос од лигњи
Состојки
- 320 гр макарони
- 500 гр лигњи
- 300 гр шери домати
- 500 мл доматен сос
- 4 чешниња лук
- 1 рака сецкан магдонос
- 100 мл бело вино
- по потреба маслиново масло
- по потреба сол и бибер
Подготовка
Лигњите исечете ги на кругчиња од околу 1 цм.
Во тава со маслиново масло пропржете го лукот кој претходно ќе го исецкате колку да замириса. Додајте ги лигњите и малку пропржете ги. Додајте го виното и оставете го да испари. Потоа додајте ги доматите исечени на четвртинки, доматниот сос, магдоносот, сол и бибер по вкус и измешајте. Оставете го да вари 10 минути на среден оган.
Во меѓувреме во зовриена солена вода сварете ги макароните колку што пишува на паковањето (јас секогаш по толку ги варам).
Откако ќе се сварат, исцедете ги од водата и додајте ги во сосот. Убаво измешајте ги и сервирајте ги додека се топли.