Спанаќ сос
Состојки
- 400 гр замрзнат спанаќ
- 1 коцка за супа
- 200 мл вода
- 2 чешчиња лук
- 200 мл крем за готвење
- по потреба сол
Подготовка
Подготовка
Во зовриена вода додадете ја коцката за супа и сецкан лук.Додадете го и спанаќот и оставете малку да вари додека да омекне спанаќот, но не премногу да не ја изгуби бојата.
Преместете ја смесата во блендер и изблендирајте. Потоа повторно вратете на оган и речиси да зоврие па додадете крем за готвење. Оставете малку да поврие со повремено мешање. Посолете додека е потребно.